ЕКОНОМИЈА

Богатството на руските милијардери се топи поради санкциите (ИНФОГРАФИК)

Богатството на руските милијардери се топи откако Кремљ ја започна својата инвазија на Украина на 24-ти февруари. На 3-ти март, нето вредноста на имотот на руските милијардери вклучени во индексот на милијардери на „Bloomberg“ беше вкупно за 88 милијарди долари помало отколку на 23-ти февруари.

Претседателот на „Лукоил“, Вагит Алекперов е веројатно тој што најмногу настрада од санкциите воведени кон Русија. Тој изгуби повеќе од 60 отсто од своето лично богатство пред да биде исфрлен од листата на „Bloomberg“ на 2-ри март, заедно со уште четворица руски милијардери.

„Statista.com“ посочува дека богаството на меѓународните милијардери останало околу нивото од почетокот на годината. Сепак, колапсот на руската берза и продажбата на руските средства на меѓународните пазари по инвазијата предизвикаа астрономски загуби за руските милијардери.

Акциите на „Лукоил“, кои исто така котираат во Лондон, паднаа за повеќе од 80%.

Акциите во компанијата на најбогатиот човек во Русија, Владимир Потанин – „Норилск Никел“, исто така котирана во Лондон, објавија пад на цената од над 50%, што избриша 4,5 милијарди долари од неговото богатство помеѓу 23-ти февруари и 3-ти март.

Уште поголеми загуби трпи Алексеј Мордашов, кој освен што се занимава со челик и злато, има удел и во германската туристичка компанија „Tui“.

Генадиј Тимченко од групацијата „Волга“, кој има сериозни интереси за природен гас и хемикалии, е исто така меѓу најпогодените од санкциите.

Познатиот руски милијардер Роман Абрамович изгубил околу 2 милијарди долари или 12% од своето богатство од 23-ти февруари. Абрамович мораше да го продаде Челзи поради санкциите.

Генадиј Тимченко и Михаил Фридман се на листите за санкции на Британија и ЕУ.

ееко