28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНов вирус се шири на Facebook!

Нов вирус се шири на Facebook!

face virus

Доколку на оваа друштвена мрежа добиете известување дека сте означени во некое видео на ваш пријател, не го отворајте линкот!

Популарната друштвена мрежа е на мета на хакерски напади кои ги крадат вашите лозинки и сите други лозинки кои се наоѓаат во вашиот веб пребарувач.

Вирусот се појавува како линк во „email“ или во„Facebook“ порака на кои пишува дека сте тагирани на еден пост. Кога ќе се приклучите на „Facebook“ и кликнете на линкот тој ќе ве однесе на друга интернет страна која од вас бара да „симнете“ одредена програма за да можете да го погледнете видеото. Тоа во никој случај немојте да го сторите, затоа што со симнувањето на таа програма му овозможувате на вирусот да го нападне вашиот интернет пребарувач и да ги собере зачуваните информации, вклучувајќи ги и зачуваните лозинки.

Експертите велат дека досега од овој вирус се заразени повеќе од 800.000 корисниците на пребарувачот „Google Chrome“.

Од „Google“ се свесни за нападот и работат на негово оневозможување, а пак во „Facebook“ работат на отстранување на овие линкови.

Портпаролот на „Facebook“ вели дека компанијата моментално ги блокира луѓето да кликнат на овој линк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП