5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМелбурн повторно најдоброто место за живеење, Дамаск најлошото

Мелбурн повторно најдоброто место за живеење, Дамаск најлошото

melburn1

Во рамките на годишното истражување кое го спороведува „Економист“, Мелбурн и оваа, како и претходните две години, е прогласен за најдоброто место за живеење, додека најлошо место е сирискиот главен град Дамаск.

Главниот град на југоисточната држава Викторија се најде пред Виена и канадските градови Ванкувер, Торонто и Калгари, а меѓу првите десет се уште три австралиски градови – Аделаида, Перт и Сиднеј, како и финската престолнина Хелсинки, но и Окленд.

Мелбурн, од вкупно 141 град, се најде на првото место во сите пет категории – стабилност, здравствена заштита, култура, животна средина, образование и инфраструктура, пренесува агенција Франс прес.

Поради немирите во рамките на „Арапската пролет“ во 2011 година, кои ја доведоа граѓанската војна во Сирија и Либија, како и немирите во Египет, ситуацијата во Дамаск, Триполи и Каиро во рамките на годинешното истражување е значително влошена, а главниот град на Сирија падна за 10 места на листата.

Пред немирите, Дамаск се сметаше за еден од релативно безбедните градови на Блискиот Исток, кој привлекуваше се поголем број на туристи.

Последните 10 градови на оваа листа се Техеран, Дуала во Камерун, Триполи, Карачи, Алжир, Хараре, Лагос во Нигерија, Порт Морезби во Папуа Нова Гвинеја, Дака во Бангладеш и Дамаск.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП