25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЏонсон: Европа не може преку ноќ да престане да користи нафта и...

Џонсон: Европа не може преку ноќ да престане да користи нафта и гас

Британскиот премиер Борис Џонсон изјави во понеделникот дека Европа не може да престане да користи нафта и гас преку ноќ, на заедничката прес-конференција со канадскиот премиер Џастин Трудо и холандскиот премиер Марк Руте во Лондон.

„Постојат различни зависности во различни земји и тоа мора да го имаме на ум. Не можете да престанете да користите нафта и гас преку ноќ, дури ни од Русија“, рече тој.

„Во Обединетото Кралство, можеме да го направиме тоа брзо“, додаде тој, нагласувајќи дека „треба да се погрижиме сите да одиме во иста насока“.

„Ќе го направиме тоа заедно – така што сите ги имаме потребните замени и залихи“, вели британскиот премиер.

Руте се согласи дека многу делови од Европа сè уште зависат од руската енергија и повика „внимателно“ да се воведат какви било забрани.

Но, од друга страна, администрацијата на Бајден е подготвена да воведе забрана за увоз на руска нафта во САД без сојузниците во Европа, изјавија за „Reuters“ два извори запознаени со ова прашање по руската инвазија на Украина. Претседателот Џо Бајден во понеделник треба да одржи видео-конференција со лидерите на Франција, Германија и Обединетото Кралство во обид да ја обезбеди нивната поддршка за забрана на увозот од Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП