16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалена довербата на потрошувачите во Германија

Намалена довербата на потрошувачите во Германија

potroshuvaci1

Германскиот институт „GfK“, објави дека довербата на потрошувачите во Германија е намалена, и покрај знаците кои покажуваат солиден економски раст на оваа европска економија.

Индексот на довербата на потрошувачите, истражувачкиот институт „GfK“ за септември го намали на 6,9 поени, од 7 поени кои беа забележани во август.

Овој индикатор бележеше раст во февруари и во институот велат дека на септемвриското минимално намалување не треба да гледаме како на почеток на падот.

Од „GfK“ напоменуваат дека германскиот пазар за труд е стабилен, и дека ситуацијата со приходите се развива во добра насока, со што овие фактори и понатака ќе ја поттикнуваат потрошувачката клима во Германија.

Истражувањето опфатило 2.000 потрошувачи.

Инаку, Германија во вториот квартал од оваа година забележа раст од 0,7 проценти, по слабите перформанси во првиот квартал од оваа и последниот квартал од минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП