20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦената на златото скокна над 2.000 долари

Цената на златото скокна над 2.000 долари

Цената на златото надмина 2.000 долари за унца на меѓународните пазари во понеделникот, што ја одразува потрагата на инвеститорите за сигурни инвестиции во време на руско-украинската војна.

Цените на златото на физичкиот пазар скокнаа за 1,6 отсто на 2.001,21 долари за унца. Во фјучерсите на американскиот пазар, унца злато се тргуваше по два отсто повисока цена, 2.005,70 долари.

Белата куќа објави дека предлага забрана за увоз на нафта од Русија поради руската инвазија на Украина, што може да предизвика стагфлација во светската економија, што би значело дека економската активност ќе стагнира додека цените ќе продолжат да растат.

Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес од редовите на Демократската партија, Ненси Пелоси, преку писмо ги информира пратениците дека се проучува предлог-закон со кој ќе се забрани увоз на нафта и енергија од Русија поради интензивирањето на конфликтот во Украина.

Во телефонски разговор со турскиот претседател Таип Ердоган, рускиот претседател Владимир Путин во неделата рече дека неговата воена „операција“ во Украина напредува според планот и нема да биде запрена додека не се исполнат неговите барања или Киев не се откаже од борбите.

Денеска, на дванаесеттиот ден од почетокот на конфликтот, Русија објави ограничен прекин на огнот и отворање на неколку коридори за евакуација на цивили од Киев, Мариупол, Харков и Суми.

Обидот за евакуација на 200.000 луѓе од Мариупол не успеа во неделата бидејќи руските сили го прекршиле планот за прекин на огнот, потсетува агенцијата ДПА.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП