21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКина станува лидер во е-трговија

Кина станува лидер во е-трговија

china2

Според истражувањето на американската консултантска куќа „B&C“, трговијата на интернет на кинескиот пазар, според вредностa, би можела да го завземе водечкото место во светот.

Како што пренесува Ројтерс, се очекува дека во наредните 10 години онлајн продажбата ќе изнесува половина од потрошувачката во кинеските домаќинства, во однос на шест проценти колку што изнесува денес.

Е-трговијата во Кина забележа раст од дури 71 процент на годишно ниво, во периодот од 2009 до 2012 година, додека во истиот период тој раст во Америка изнесувал 13 проценти.

Ваквата промена во однесувањето на кинеските потрошувачи се објаснува со фактот дека речиси една половина од кинеската популација (1,3 милијарди жители) користат интернет, а речиси 80 проценти од нив поседуваат смартфон или таблет.

До 2015 година продажбата преку интернет ќе достигне вредност од околу 3,300 милијарди јуани (400 милијарди евра), се наведува во истражувањето.

Минатата година, вредноста на е-трговијата во Кина изнесувала околу 212,4 милијарди долари (159,3 милијарди евра), додека во САД била 228,7 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП