24 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТКолкава плата земаат странските војници кои заминаа да војуваат во Украина?

Колкава плата земаат странските војници кои заминаа да војуваат во Украина?

Конфликтот во Украина и сè што се случува во таа земја веќе ги отвори вратите за странските борци, но и за странските платеници.

За денот на војување или „извлекување цивили“, како што официјално се нарекува работата, на која може да се пријават заинтересираните, земале плата од 1.000 до 2.000 долари, јавуваат хрватските медиуми. Платата зависи од локацијата на работното место, а има и различни бонуси.

„Сајлент партнер“, компанија со седиште во САД, која регрутира за работни места во воена зона и за лична заштита во мирно време, бара повеќе агенти и тимови за тајно евакуирање и заштита на поединци и семејства во украинските села и поголемите градови.

Околу 200 хрватски доброволци веќе пристигнаа во Украина, каде што се борат, а на тоа остро реагираше Русија.

Според официјалниот претставник на ресорот, во четвртокот во Министерството за одбрана бил поканет одбранбеното аташе на хрватската амбасада во Москва, при што, меѓу другото, бил информиран дека руската страна била запознаена со доаѓањето на платениците.

„На военото аташе му беа посочени незаконските активности на хрватскиот државјанин Денис Шелер, кој учествуваше во воените дејствија во југоисточна Украина во 2015 година, формирајќи одреди од хрватски платеници кои требаше да бидат испратени во Украина“, додаде тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП