4 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОПолека се открива вистинското лице на Меси!

Полека се открива вистинското лице на Меси!

messi

Признанието за најдобар фудбалер во светот последните четири години го добива Лионел Меси, но „El Confidencial Digital“ тврди дека тој е најголемиот „диктатор“ во соблекувалната на Барселона.

Според сајтот ѕвездата на каталонците постојано вербално ги напаѓа своите соиграчи во желбата да играат за него . Приговорите за однесувањето на Меси за време на тренинзите имало уште минатото лето.

Пример Кристијан Телјо е меѓу навредуваните од Лео .

„Што правиш? Овде си нов и не си никој . Подај ми ја топката , бидејќи играш за мене” , често му велел Меси , кога не му ја додавал топката , а сам преферирал да ги завршува нападите.

Телјо дури се расплакал поради грубиот однос на аргентинската суперѕвезда .

Алексис Санчез исто така влезе во видното поле на Аргентинецот.

„Слабо играш и не знам како си можел да вредиш толку многу“ , му рекол Лео на Чилеанецот , за кој се платени 37 милиони евра.

Исак Куенка и Давид Вилја честопати биле мета на критиките за време на тренинзите. За време на еден од официјалните натпревари камерите уловија вербален минискандал меѓу Меси и Вилја.

Според овие информации иако Меси делува на тивко и повлечено момче, но во последно време се чини дека тој воопшто не е таков. А неговото име се поврзува и со заминувањето на многу играчи од редовите на Барселона, како Ето, Ибрахимовиќ и останатите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП