Според податоците кои ги објави Македонскта берза за периодот 01.02 – 28.02.2022 година вкупниот промет изнесувал 1.067.207.423 денари и е зголемен за 18,35 отсто во однос на претходниот месец.
Класичното тргување изнесувало 589.361.057 денари и е намалено во однос на јануари за 15,59 отсто кога изнесувало 698.220.800 денари. Во класичното тргување истргувани се акции во вредност од 569.883.274 денари и обврзници во вредност од 19.477.783 денари.
Блок трансакциите во февруари изнесувале 409.486.366 денари и се зголемени за 101,18 отсто во однос на јануари.
Бројот на трансакции во февруари изнесувал 2.232 и е зголемен за 18,79 отсто во однос на јануари кога изнесувал 1.879.
Најтргувани акции на официјалниот пазар за февруари се на Комерцијална Банка АД Скопје, следи Алкалоид АД Скопје и третото место го зазема Макпетрол АД Скопје.
Месечниот статистички билтен за февруари 2022 година можете да го погледнете тука.