24 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Audi“ престанува да прима нарачки за хибриди

„Audi“ престанува да прима нарачки за хибриди

На 10-ти март германската компанија „Audi“ ќе престане да прима нарачки за хибридни верзии на своите модели во Европа. Причината е конфликтот во Украина, што доведува до прекин на снабдувањето со електрична опрема, пренесува „Automobilewoche“.

Според информациите, во моментов побарувачката за хибридни модели е многу голема и поради проблемите со логистиката, во „Audi“ немаат начин како да се снајдат. Околу 7% од електронските компоненти за европскиот пазар се произведуваат во Украина, а германските производители „BMW“ и „VW Group“ се најтешко погодени од прекините во снабдувањето.

Проблемот ќе влијае не само на хибридните модели на марката. „Audi“ најави дека привремено ќе го прекине производството на сите верзии на „A4“ и „A5“ помеѓу 7-11 март и „A6“ и „A7“ (7-18 март). Слични активности преземаат и други компании од групацијата „VW“, вклучувајќи ги „Volkswagen“, „Porsche“ и „Skoda“.

Она што се случува во Украина доведе до затворање на две фабрики за електрични инсталации во западниот дел на земјата. Тие се во сопственост на германската компанија „Leoni“.

Проблеми имаат и „Fujijura“ и „Nexans“, кои исто така не работат поради војната и затоа не можат да вршат испораки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП