4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТРусија обвинува дека Украина подготвува нуклеарна бомба

Русија обвинува дека Украина подготвува нуклеарна бомба

Неименуван извор тврди дека Украина се приближува до создавање на нуклеарна „валкана бомба“, темелена на плутониум.

Веста ја пренесоа неколку руски медиуми, иако изворот не наведува докази за ваквото тврдење.

Според неименуваниот руски претставник на надлежно тело, Украина развива нуклеарно оружје во уништената нуклеарна централа Чернобил, која беше затворена во 2000 година, пренесуваат британските медиуми.

Украинската Влада соопшти дека нема намера повторно да се приклучи на нуклеарниот клуб, откако во 1994 година се откажа од своето нуклеарно оружје, по распадот на Советскиот Сојуз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП