26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТВо Белград се протестира и против војната во Украина и против НАТО

Во Белград се протестира и против војната во Украина и против НАТО

Во центарот на Белград, на улицата Кнез Михајлова, се одржуваaт два протеста.

Едниот е против војната во Украина, а е во организација на женската мировна организација со феминистичко-антимилитаристичка ориентација „Жените во црно“ кои бараат прекин на руската агресија, додека вторите се симплатзери на Новата комуничка партија на Југославија (НКОЈ) кои ги повикаа српските власти да ја произнаат независноста на Доњецк и Луганс.

Како што јави репортерката на Н1, на улицата излегле 20-тина активистки на Жените во црно, а спроти нив имало десетина граѓани кои се претставувале како членови на НКОЈ и извикувале „долу НАТО фашисти“.

Организацијата „Жени во црно“ на протестот ги посочи пораките против руската окупација и војната во Украина. Жените во црно повикуваат на солидарност со украинскиот народ и бараат од Србија јасно да ја избере страната и да им се придружи на оние кои страдаат од руската инвазија.

Собирите беа обезбедени од полицијата и поминаа без инциденти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП