11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТРусите најавија прекин на огнот во два града за да се евакуираат...

Русите најавија прекин на огнот во два града за да се евакуираат цивилите

Десетти ден од руската инвазија на Украина, а нападите врз украинските градови продолжија и во текот на ноќта. Во градот Мариупол нема вода, струја и греење, а им снемува храна.

Градоначалникот Вадим Бојченко повика на воена помош и создавање хуманитарен коридор за евакуација на 400.000 жители.

Претседателот Володимир Зеленски рече дека Украина на итниот состанок на Советот за безбедност на ОН побарала забрана за летање над Украина и рече: „Нуклеарниот тероризам бара одговор во форма на решителна акција“.

Откако ден претходно се договорија да создадат безбеден премин за бегство на цивилите, Киев и Москва меѓусебно се обвинија дека ги попречуваат хуманитарните коридори.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП