17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТРусија целосно го блокираше Фејсбук

Русија целосно го блокираше Фејсбук

Рускиот државен регулатор во комуникацискиот сектор, Роскомнадзор, денеска објави дека ја блокирал социјалната мрежа Фејсбук на компанијата Мета, како одговор на ограничувањата за пристап на руските медиуми на оваа платформа.

Роскомнадзор прецизираше дека од октомври 2020 година имало 26 случаи на дискриминација на руските медиуми на Фејсбук, со ограничен пристап до медиумите како РТ и Риа Новости, пренесува Ројтерс.

Руското регулаторно тело претходно соопшти дека „евидентира се повеќе случаи на неосновано блокирање на официјални сметки на руски медиуми и функционери на странски интернет платформи“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП