17 април, 2025
ПочетнаКОМПАНИИИстрага и тужба за Гаспром

Истрага и тужба за Гаспром

gazpromm

Европската комисија планира да започне истрага против Гаспром до крајот на годината и да поднесе официјална тужба против таа компанија.

ЕК планира да поднесе тужба поради злоупотребата на монополската позиција на европскиот пазар на гас.

Секретарот за печат на ЕК, Мариса Гонзалес Иглесиас изјави дека се уште е рано да се говор за рокот на завршување на истрагата.

Таа додаде дека со оглед дека не постои никаков законски рок за завршување на антимонополската истрага, неможе да се каже кога таа ќе биде завршена.

Како што пренесуваат медиумите Европската комисија најавила официјална антимонополска истрага за да утврди дали Гаспром ги нарушува европските правила за конкуренција, особено во земјите од источна и централна Европа.

Станува збор за Полска, Летонија, Литванија, Естонија, Чешка, Словачка, Бугарија и Унгарија.

ЕК соопшти дека руската компанија можела да ги прекрши правила во три можни случаи и тоа при поделбата на пазарот за гас, при проширувањето на испораката на гас и при одредувањето на цената за клиентите и нејзиното врзување со цената на нафтата.

Според европското законодавство, казната за кршење на правилата за конкуренција може да достигне до 10 проценти од годишните приходи на компанијата, што во случајот со Гаспром тоа би било повеќе од 10 милијарди евра.

Најголемата казна досега била одредена во 2009-та година на американската компанија Интел во висина од 1.06 милијарди долари.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП