18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОУЕФА најави промени во Лигата на шампионите

УЕФА најави промени во Лигата на шампионите

Европската фудбалска унија (УЕФА) реши од сезоната 2024/2025 да го смени форматот во Лигата на шампионите. На овој начин УЕФА сака да ѝ се спротивстави на идејата што ја форсираат Јувентус и Реал Мадрид за формирање европска Суперлига.

Според новиот формат, во Лигата на шампионите ќе учествуваат 36 екипи. Исто така, повеќе нема да се игра групната фаза. Планот на УЕФА е Лигата на шампионите да личи на кошаркарската Евролига.

УЕФА ќе ги подели клубовите во четири квалитативни категории. До почетокот на нокаут-фазата секој тим ќе одигра по десет натпревари (пет дома и пет во гости).

Првите осум екипи на табелата ќе изборат директен пласман во осмина-финалето, а клубовите што ќе се пласираат од 9. до 24. место ќе разигруваат за преостанатите осум места. Поразените до тие натпревари ќе продолжат да играат во Лига Европа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП