20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТЗеленски: Зад нас е ноќ што можеше да го запре текот на...

Зеленски: Зад нас е ноќ што можеше да го запре текот на историјата

Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави ново видео обраќање на социјалните мрежи во кое реагира на ситуацијата со нуклеарната централа Запорожје.

Најголемата европска нуклеарна централа беше запалена по гранатирање и се верува дека моментно е под руска контрола. Украинците синоќа објавија дека нуклеарната централа била гранатирана од руската армија, додека денеска Русите тврдеа дека нуклеарната централа всушност била цел на Украинците.

Во новото обраќање, Зеленски рече дека зад Украина е ноќ што можела да го запре текот на историјата и дека рускиот напад на нуклеарна централа можело да предизвика уништување споредливо со шест Чернобили. Тој исто така рече дека единствен начин да се гарантира дека Русија нема да ја бомбардира нуклеарната инфраструктура е да се воспостави зона на забранети летови над Украина.

Novo obraćanje Zelenskog

Западните лидери не сакаат да го сторат тоа, а Борис Џонсон предупреди дека тоа би значело договор за западните сили да соборат руски авиони.

Во новото видео, Зеленски исто така апелираше до Русите да продолжат да протестираат против инвазијата што влезе во втората недела.

„Руски народе, сакам да ви се обратам: како е тоа можно? На крајот на краиштата, заедно се боревме во 1986 година против катастрофата во Чернобил“, рече тој.

Додаде дека руските тенкови добро знаеле во што пукале синоќа во Запорожје. Тој, исто така, тврди дека Москва намерно ја гаѓа украинската инфраструктура и станбените области, со напади врз Мариупол, Херсон, Харков и Чернигов.

Украинскиот лидер тврди дека во конфликтот досега биле убиени 9.200 руски војници. Тоа е многу повеќе од 498, како што официјално соопшти Русија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП