20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„BMW“ го претвори „X5“ во кросовер-лимузина (ФОТО)

„BMW“ го претвори „X5“ во кросовер-лимузина (ФОТО)

„BMW“ го претстави првиот кросовер-лимузина, продолжена верзија на добро познатиот „X5“. Аналогно на седаните, тој се нарекува „X5 Li“ и ќе биде достапен во две бензински модификации – „X5 xDrive30Li“ и „X5 xDrive40Li“.

Заслугата за проширувањето на гамата на „SUV“ моделот е на кинеското заедничко вложување „BMW-Brilliance“, бидејќи причината е што на локалниот пазар се бараат продолжени верзии на популарни модели, па така и „BMW“ одлучи да проба нов сегмент од пазарот.

Моментот за излегување на продолжениот „X5“ е малку чуден, бидејќи фејслифтот на моделот треба да се појави на крајот на годината. Тоа значи дека промените нема да бидат многу, па лесно може да се вградат во „X5Li“.

Во новата верзија на кросоверот растојанието помеѓу двете оски е продолжено за 1.300 mm и со тоа достигнува 3.105 mm (исто како и кај поголемиот „BMW X7“). Должината на двете продолжени модификации е 5.052 mm, додека „X7“ и понатаму останува најголемиот модел на марката со 5.151 mm.

Компанијата истакнува дека целата дополнителна должина е искористена за доброто на патниците одзади со многу простор за нозете. Ова може да се види од надворешноста со подолгите задни врати кои овозможуваат лесен пристап до кабината.

Варијантите „Li“ се стандардно достапни со удобни седишта со четири нивоа на дополнително навалување на потпирачот за грб, панорамски стаклен покрив, специјално осветлување, безжично полнење за паметни телефони, перфорирани метални капаци за звучници и друго.

Исто како и стандардниот „X5“, верзијата „xDrive30Li“ е опремена со 2.0-литарски 4-цилиндричен турбо мотор кој произведува 265 ks и 400 Nm, додека „xDrive40Li“ добива помоќен 3.0-литарски 6-цилиндричен турбо мотор со 333 ks и 450 Nm. Во двата случаи, има систем за погон на четири тркала „xDrive AWD“ и 8-брзински „Steptronic“ автоматски менувач. Верзиите со продолжено меѓуоскино растојание се стандардно достапни со електронски контролирани амортизери, а „xDrive40Li“ има опција за воздушно потпирање со две оски со функција за автоматско самонивелирање. Кросовер-лимузината ќе се произведува само во фабриката на „BMW-Brilliance“ во Шенјанг (Кина), а моделот најверојатно нема да се појави на други пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП