27 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАИ тоа постои: Дијагностицирано му е ,,синдром на хронично доцнење”

И тоа постои: Дијагностицирано му е ,,синдром на хронично доцнење”

lata

Џим Дунбар отсекогаш каснел на сите договори и обврски, и од неодамна дозна дека тоа не е негова кривица, туку здравствен проблем.

Дунбар секогаш доцнел на училиште и фудбалски утакмици, па дури и кога бил на одмор доцнел кога се договарал со пријателите. Тој изгубил неколку работни места поради доцнењето, многу девојки со саати чекале да се појави на првиот состанок, а закаснил и на неколку погреби.

Неодамна 57-годишникот од Шкотска одлучил да изгледа филм во кино, па имајки го на ум својот проблем, 11 саати однапред го спремал своето излагање за да би стигнал на време, но и во овој случај закаснил 20 минути.

Конечно се одлучил да побара лекар за да добие одговор на енигмата што го следи од детството. По половина час доцнење кај лекарот, поминал бројни тестови кои доведоа до заклучок според експертите, дека се работи за ментално пореметување кое го погодува истиот дел од мозокот, како и пореметување на хиперактивноста и дефицит на внимание, познато по англискиот акроним АДХД.

Тоа пореметување , кое за жал е неизлечиво, го спречува Дунбар правилно да процени колку долго нешто трае.

-Понекогаш тоа многу ме депримира. Многу ми помогна сознанието дека е медицински проблем, рече Џим Дунбар.

,,Причината поради која излегов во јавност со својот случај е тоа што сигурно уште негде постојат луѓе кои не знаат дека доцнењето не е нивна вина”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП