7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Германија би можела да достигне просечни 5 отсто во 2022-ра

Инфлацијата во Германија би можела да достигне просечни 5 отсто во 2022-ра

Инфлацијата во Германија оваа година би можела да достигне просечни 5%, бидејќи војната на Русија со Украина дополнително ќе ги зголеми цените на енергијата. Ова го предупреди германската централна банка (Бундесбанк), цитирана од „Bloomberg“.

„Се очекува и еврозоната да забележи рекордно високо ниво на инфлација. Треба да внимаваме на нормализирање на монетарната политика“, изјави гувернерот на банката Јоаким Нагел.

Шефот на Бундесбанк, кој е член на Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ) и на почетокот на февруари рече дека каматните стапки може да се зголемат до крајот на годината, објасни дека „во моментов не е можно да се направи сигурна прогноза за ефектот на војната врз германската економија“.

Извештајот на германската централна банка покажува и дека и покрај моменталната висока инфлација, сѐ уште нема знаци дека долгорочните очекувања се менуваат.

Податоците покажаа дека растот на цените во најголемата европска економија се забрзаа до 5,5% во минатиот месец, откако инфлацијата во земјата ја прекина шестмесечната серија на зголемувања во јануари. За споредба, просечните прогнози беа 5,4 отсто.

Затоа, до минатата недела се сметаше дека ЕЦБ најверојатно ќе го забрза прекинот на купувањето обврзници на следниот состанок, кој ќе се одржи од 9-ти до 10-ти март. Сепак, овие изгледи стануваат сè понејасни во услови на војна во Украина, која донесе бран на неизвесност. Причина за тоа е можноста за натамошно зголемување на цените на енергенсите, што би довело до повисоки инфлациски притисоци.

Според Нагел, Бундесбанк треба дополнително да ги зголеми резервите за да го заштити својот биланс од ризици откако пандемијата ја принуди ЕЦБ да создаде нова програма за пандемија за купување на „PEPP“ обврзници во вредност од 1,85 трилиони евра.

„И во 2020-та и во 2021-ва година, ризиците за билансот на банката значително се зголемија во споредба со периодот пред пандемијата“, рече Нагел.

Податоците од средата покажаа дека невработеноста во Германија во февруари паднала за 33.000 лица. За споредба, економистите очекуваа пад од 22.500 луѓе. Така, индикаторот паѓа на ниво од 5%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП