3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЕлектричниот „Jeep“ ќе се најде на пазарот следната година

Електричниот „Jeep“ ќе се најде на пазарот следната година

Извршниот директор на „Stellantis“, Карлос Таварес, откри детали за електричната идна стратегија на алијансата и лично покажа фотографии од првиот целосно електричен „SUV“ на „Jeep“.

Моделот на американската марка со нулта емисија на штетни гасови ќе биде лансиран во 2023-та година, а идејата е да се следат најдобрите традиции на „Jeep“, поточно – можностите за сите терени, слободата и забавата. Засега, „Stellantis“ не го објави името на моделот, но рече дека до 2025-та година „Jeep“ ќе понуди уште два електрични теренци и со тоа ќе ги покрие сите сегменти на пазарот.

Еден од другите два електрични автомобили ќе биде теренски, инспириран од концептот „Wrangler Magneto“, додека за третиот се знае дека ќе биде најголемиот.

Техничките детали за „Jeep“ не беа откриени, но се тврди дека се базира на платформата „e-CMP“, која веќе се користи за „Peugeot e-2008“, „Opel Mokka-e“, „DS 3 Crossback E-Tense“ и „Citroen e- C4“. Ќе се користи и за идните „Fiat Uno“ и „Alfa Romeo Brennero“. Електричниот теренец на „Jeep“ ќе се произведува во фабриката на „Fiat“ во Полска.

Големата цел за „Stellantis“ е да лансира 75 целосно електрични возила до 2030-та година, а нивната вкупна продажба во тоа време треба да надмине 5 милиони единици. Од нив, 50 ќе бидат насочени кон пазарите во Европа и 25 во САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП