30 април, 2024
ПочетнаТОП ВЕСТИЕврото со значителен пад!

Еврото со значителен пад!

evro 30

Еврото паѓа во однос на сите валути, посебно спрема американскиот долар поради очекуваниот напад на САД и сојузниците над Сирија

Еврото оштро паѓа во однос на американскиот долар поради зголемената побарувачка на американската валута пред очекуваниот напад на силите на САД и сојузниците над сириската влада.

Валутниот пар EUR/USD забележува значителен пад до цена 1,3310, а се очекува сеуште да паѓа поради тензиите во блискиот исток и можниот воен напад на САД над сириската војска поради наводните докази дека сириската војска употребувала хемиско оружје над цивилите во Сирија.

Американскиот потпретседател Џо Бајден изјави дека нема никаков сомнеж дека било употребено хемиско оружје од страна на сириската влада над цивилите.

Како резултат на падот на еврото исто така се и вчерашните неповолни податоци при еврозоната, како опаѓањето на германската потрошувачка клима на 6,9 поени од претходните 7,0 поени, а аналитичарите предвидуваа раст до 7,1 поени.

Паричната маса М3 на еврозоната порасна до 2,2%, наспроти очекуваните 2,1% после претходниот раст од 2,4% во јули.

Но затоа паднаа кредитите во приватниот сектор на 1,9% во јули наспроти очекуваните 1,6%.

Европската валута падна во однос на другите валути, EUR/JPY забележа пад до 129,80, EURCHF со наголем пад за последните неколку месеци на цена 1,2280, EUR/GBP со значителен пад до 0,8570 по објавата на Велика Британија за растот на обемот на трговија во август од 27,0 поени од 17,0 поени во месец јули, наспроти очекуваните 19,0 поени.

Еврото падна исто така спрема канадскиот,австралискиот и новозеландскиот долар до цени: EUR/CAD 1,3955, EUR/AUD 1,4847 и EUR/NZD 1,7200.

 

Адмирал Маркетс

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП