19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на БДП од 2,3 отсто за четвртиот квартал од 2021 година

Раст на БДП од 2,3 отсто за четвртиот квартал од 2021 година

Според проценетите податоци на Државниот завод за статистика, стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) за четвртото тримесечје од 2021 година е 2.3%.

Во четвртото тримесечје од 2021, најголем пораст е забележан во секторите Е, Ж и З – Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 9,2%; Ѕ – Информации и комуникации од 5,3%; kako и Ј – Дејности во врска со недвижен имот од 3.1 %.

Финалната потрошувачка на домаќинствата вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во четвртото тримесечје од 2021 година, номинално расте за 10.2%, а нејзиното учество во структурата на брутодомашниот производ изнесува 62.5%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 9.7%, а увозот на стоки и на услуги забележа пораст во номинален износ од 22.6%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП