3 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТКолку руси всушност се убиени во Украина - 500 или над 7.000?

Колку руси всушност се убиени во Украина – 500 или над 7.000?

Денеска Русија за прв пат претстави бројки за своите жртви во Украина. Сепак, овие податоци се многу различни од податоците за руските жртви што ги дава Украина: ако ја прашате Русија, нејзината армија изгубила 498 војници. Украина, од друга страна, вели дека се убиени дури 7.000 руси.

Руското Министерство за одбрана денеска соопшти дека Русија изгубила 498 војници од почетокот на инвазијата, што е првпат Русија да зборува за своите жртви во војната во Украина.

Според дополнителните податоци на Министерството за одбрана на Русија, 1.597 руски војници биле повредени во украинската војна.

Во исто време, податоците за руските жртви на Алексеј Арестович, воен советник на претседателот на Украина, укажуваат дека повеќе од 7.000 од нив се убиени од почетокот на војната во Украина.

Во своето денешно телевизиско обраќање Арестович откри и дека Украина заробила стотици руски војници, вклучително и високи офицери и дека го ранила командантот на руската армија, кој поради тоа морал да биде одведен во Белорусија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП