20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмЧам ги зајакнува трговските односи на Северна Македонија и Грција

АмЧам ги зајакнува трговските односи на Северна Македонија и Грција

Американската Стопанска Комора во Северна Македонија (АмЧам Северна Македонија) во соработка со Американско – Грчката Стопанска Комора (АмЧам Грција) и со поддршка на амбасадите на САД во Скопје и Атина, ја организираат својата прва трговска мисија на компании од Република Грција во Република Северна Македонија.

Трговската мисија ќе се одржи на 21 и 22 март во хотелот „Double Tree by Hilton Skopje“, а целта е да се претстават можностите за инвестирање во нашата држава, како и да се воспостави деловна соработка помеѓу домашните компании со компании од соседна Грција. 

Во текот на првиот ден ќе бидат претставени можностите за инвестирање кои Владата на Северна Македонија ги нуди за странските и домашните инвеститори, додека вториот ден ќе бидат организирани директни средби помеѓу компании од Грција и Северна Македонија кои дејствуваат во индустриските сектори: агротехнологија, логистика, производство, технологија и иновации, енергетика, туризам, градежништво и инфраструктура.  Во рамки на настанот ќе бидат посетени и две компании, странски инвестиции, од Грција и од САД.

“Градењето одржливи партнерства и можности за соработка е во основата на функционирањето на АмЧам организациите ширум светот и иницијативите од овој вид се главен приоритет на АмЧам Северна Македонија во изградбата на подобар деловен екосистем за нашата земја“ – вели г-дин Драган Давитков, претседател на Бордот на директори на АмЧам Северна Македонија во пресрет на одржувањето на трговската мисија.

Трговската мисија следува после билатералниот состанок на АмЧам Северна Македонија и АмЧам Грција, кој во септември минатата година беше одржан во Солун во рамки на Енергетскиот форум на Југоисточна Европа, кога беа поставени и рамките за засилена билатерална економска соработка што ќе вклучува иницијативи за зголемени трговски релации и унапредена деловна соработка помеѓу Грција и Северна Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП