19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОператорот на гасоводот „Северен тек 2“ прогласи банкрот

Операторот на гасоводот „Северен тек 2“ прогласи банкрот

Компанијата „Nord Stream 2 AG“, која стои зад гасоводот „Северен тек 2“, официјално поднесе барање за стечај, соопштија швајцарските власти. Кантоналните власти на швајцарски Цуг, каде што е регистрирана компанијата, се известени дека нема можност бизнисот да продолжи.

„Директорот на канцеларијата за економски прашања и труд беше на лице место и беше детално информиран за ситуацијата“, објави „Financial Times“.

Според списокот, биле исклучени телефонските броеви на „Nord Stream 2 AG“, па не можело да се добие коментар од него.

Сите 106 вработени веќе официјално добија известување за отказот од компанијата, соопштија кантоналните власти, додавајќи дека стапувањето во сила на американските санкции против компанијата е причина за нејзиниот колапс.

Американското Министерство за финансии издаде извршна наредба на 23-ти февруари, со која се предвидува „прекинување на трансакциите кои вклучуваат „Nord Stream 2 AG“ или „кој било субјект во кој „Nord Stream 2“ го поседува, директно или индиректно, 50 проценти или повеќе“ од 2-ри март. Според руската агенција „Спутник“, германскиот министер за економија Роберт Хабек во вторникот за време на неговата посета на САД изјавил дека „Северен тек 2“ нема да биде сертифициран и пуштен „во блиска иднина“. Тој оцени дека Германија во последните 10 години води „барем наивна, а можеби и погрешна“ политика кон Русија, поради што паднала „во голема енергетско-политичка зависност“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП