Конечно се објавија прецизни информации поврзани со новата фабрика на „Intel“ во која ќе се произведуваат 14 nm процесори.
Моментално компанијата поседува 22nm најнапредна CPU технологија. Но „Intel“ има намера до 2015 година да дојде до 14nm. Од таа причина тој започнал со изградба на нова фабрика во Ирска.
Кога фабриката ќе биде готова со изградба, во неа ќе се вработат 200 високо квалификувани технолошки работници, како и 800 работници во градежништвото. Компанијата има намера да вложи дури 4 милијарди долари во целиот проект. Ќе се издвојува како една од трите фабрики која ќе произведува 14 nm чипови во 2015 година. Останатите две се во Орегон и Аризона.