11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата го погоди Суецкиот канал: Таксите скокнаа од 5 до 10 отсто

Инфлацијата го погоди Суецкиот канал: Таксите скокнаа од 5 до 10 отсто

Раководството на Суецкиот канал најави дека ќе ги зголеми таксите меѓу 5 и 10 отсто од 1-ви март 2022-ра година. Одлуката е оправдана со зголемувањето на светската трговија и со подобрувањето на самиот воден пат и на услугите што се даваат.

Во јуни 2021-ва година почна да се работи на проширување на двоканалната делница за десет километри. Следната фаза од планот за развој на морските артерии предвидува проширување и продлабочување на дел од 30 километри за 40 метри.

Суецкиот канал, кој ги поврзува Средоземното Море и Црвеното Море, е најкратката морска рута меѓу Азија и Европа и најбрзиот пат за преминување од Атлантикот до Индискиот Океан. Ова е најдолгиот канал во светот без порти, а времето за негово поминување е помеѓу 13 и 15 часа.

Околу 12% од светската трговија минува низ Суецкиот канал, што го прави еден од главните извори на девизи во Египет. Неговиот годишен приход е над 5 милијарди долари.

Во 2021-ва година, вкупните патарини достигнаа рекордни 6,3 милијарди долари. И минатата година, морската рута постави уште еден рекорд – најголема нето-тонажа од 1,27 милијарди тони.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП