21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПутин им забрани на Русите да изнесуваат девизи од земјата

Путин им забрани на Русите да изнесуваат девизи од земјата

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот им забрани на Русите да изнесуваат девизи од земјата, во обид да се стабилизира вредноста на рубљата, која историски потона по воведувањето на санкциите.

Одлуката за забрана за извоз на девизи ќе стапи на сила во денес, соопшти Кремљ.

Дополнително, руските извозници ќе мора да претворат 80 отсто од заработката од девизи во рубљи и да одржуваат таков сооднос во иднина.

Овие драматични мерки се обид за одбрана на руската економија од западните санкции, наметнати по руската инвазија на Украина.

САД, ЕУ и други земји ја исклучија Русија од глобалниот платен систем на Свифт и ги блокираа сите трансакции на руската централна банка. Последната мерка има за цел да ги неутрализира огромните девизни резерви на Русија, кои се акумулираа во последните години благодарение на приходите од продажбата на нафта.

Продажбата на девизи е една од главните алатки што ја користат земјите кога сакаат да ја зајакнат домашната валута. Рубљата падна во однос на еврото и доларот веднаш штом берзите се отворија во понеделникот. Западните санкции веќе ја принудија руската централна банка нагло да ги зголеми каматните стапки, од 10,5 на 20 отсто, за да ја ограничи инфлацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП