3 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНервоза на работа - двапати дневно

Нервоза на работа – двапати дневно

nervous-breakdown_web1

Просечниот работник секој ден полудува по двапати на работа. Имено експерите откриле дека 51 процент од британците се нервираат во текот на работното време, а некои од вообичаените препреки се околу поделбата на работата и поради неможноста да се оди на пауза за ручек.

Околу 42 проценти од вработените се најнестрпливи во понеделник. Причината за тоа е што не успеале да се прилагодат по викендот, што го зголемува ризикот за брзо лутење.

Четвртина од испитаниците признала дека ќе се налутат кога ќе се вратат на работа и видат дека некој ја користел нивната работна маса. Истиот процент од вработените е незадоволен од фактот дека нивниот шеф никогаш не ги фали за нивиот труд и работа.

Покрај тоа, вработените ги иритираат и трачевите, знаејќи дека некој од колегите ги озборувал. На листата се најдоа и неработниците поради кои вработените ги губат нервите, а најчести причини за тоа се долгите паузи за цигари и времето поминато на друштвените мрежи.

Кога ќе дојде до „жолтата минута“, 64 проценти од вработените го игнорираат изворот на иритација, додека 13 проценти се соочуваат со него. Третина од испитаниците тврдат дека нивните колеги се тоа што најмногу ги иритира на работа, додека 20 проценти сметаат дека тоа е нивниот шеф.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП