22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТПодољак: Најважно е дека сме согласни да ги продолжиме преговорите

Подољак: Најважно е дека сме согласни да ги продолжиме преговорите

Советникот на шефот на кабинетот на претседателот на Украина Михаил Подољак денеска потврди дека е завршена првата рунда преговори меѓу Киев и Москва, чија главна цел, како што истакна, е прекин на огнот и сите непријателства на територијата на Украина.

Слична изјава даде и шефот на руската делегација Владимир Медински по денешната средба. „Најважно е што се договоривме да го продолжиме преговарачкиот процес. Постигнавме договор следната средба да се одржи во наредните денови на полско-белоруската граница, постои соодветен договор“, рече Медински.

Подољак додаде дека делегациите сега се враќаат во нивните престолнини на консултации, „за овие одлуки да добијат некои можности за имплементација во логистичките решенија“, пишува Украинска Правда.

Според него, страните идентификувале низа приоритетни теми „за кои се донесени одредени одлуки“.

Подољак додаде дека страните разговарале за можноста за одржување на втор круг преговори во блиска иднина, „на која овие теми ќе добијат конкретен развој во пракса“.

Слична изјава даде и шефот на руската делегација Владимир Медински по денешната средба.

„Најважно е што се договоривме да го продолжиме преговарачкиот процес. Постигнавме договор следната средба да се одржи во наредните денови на полско-белоруската граница, постои соодветен договор“, рече Медински.

Денешните преговори меѓу Русија и Украина во регионот Гомел во Белорусија завршија по пет часот, а според украинската делегација, Русија и Украина за време на разговорите идентификувале голем број теми, предлози и решенија.

Руската делегација ја предводеше советникот на шефот на државата Владимир Медински, а во неа беа и заменик министерот за надворешни работи Андреј Руденко, заменик министерот за одбрана Александар Фомин и претседателот на Комисијата за меѓународни прашања на Думата Леонид Слуцки.

Министерот за одбрана на Украина Алексеј Резников е на чело на украинската делегација во која се советникот на началникот на Генералштабот Михаил Подољак, лидерот на партијата Слуга на народот Давид Арахамија, министерот за одбрана на Украина Алексеј Резников, шефот на украинската трилатерална контакт група Андреј Костин, пратеникот Рустем Умеров и заменик министерот за надворешни работи Николај Точицки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП