26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТ„Нуклеарната тријада“ на Путин е ставена во состојба на готовност

„Нуклеарната тријада“ на Путин е ставена во состојба на готовност

Руските сили ставени во состојба на висока готовност.

Министерството за одбрана на Русија денеска соопшти дека дежурните сили на командните пунктови на стратешките ракетни сили, Северната и Пацифичката флота, се ставени во состојба на зголемена борбена готовност, во согласност со указот на рускиот претседател Владимир Путин, пренесе Тас.

„Министерот за одбрана на Руската Федерација, армискиот генерал Сергеј Шојгу, достави извештај до врховниот командант на вооружените сили на Руската Федерација Владимир Путин дека, во согласност со неговата наредба, дежурните сили на стратешките ракетни сили, Северна и Командата на Пацифичката флота извршуваат борбени задачи со засилен персонал“, соопшти руското Министерство за одбрана, а пренесува Спутник.

Вчера претседателот Путин им нареди на началникот на Генералштабот на руските вооружени сили Валери Герасимов и министерот за одбрана Шојгу да ги стават руските сили за одвраќање во состојба на специјална борбена готовност.

Путин наредбата ја издал на средбата со Герасимов и Шојгу, пренесува Интерфакс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП