ПочетнаЕКОНОМИЈАОд ноќеска на полноќ повисоки цени на горивата

Од ноќеска на полноќ повисоки цени на горивата

Горивата од ноќеска на полноќ поскапуваат 1,5 денар за литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,93 отсто.

Новата малопродажна цена на „евросупер БС-95“ изнесува 84 денари за литар, „евросупер БС-98“ ќе се продава за 86, а „евродизелот“ (Д-Е V) за 75,5 денари за литар. Малопродажната цена на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува еден денар за литар и ќе чини 74,5 денари.

Со одлуката на РКЕ малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува 1,249 денар за килограм и ќе изнесува 48,17 денари.

Како причина за зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат зголемените референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар во изминатите седум дена, и тоа во просек за 2,711 отсто кај бензинот и за 1,997 отсто кај дизелот, како и за 0,496 отсто повисокиот курс на доларот во однос на денарот.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП