11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТThe Times: Руски платеници добиле наредба да го убијат украинскиот претседател

The Times: Руски платеници добиле наредба да го убијат украинскиот претседател

Повеќе од 400 руски платеници се во Киев со наредба од Кремљ да го убијат украинскиот претседател Володимир Зеленски и членовите на украинската влада и да го подготват теренот Москва да ја преземе контролата, објави британски „Тајмс“.

Групата Вагнер, приватната милиција на еден од најблиските сојузници на Путин, која работи како продолжена рака на државата, стави платеници во мисија физички да ги елиминираат членовите на владата на Зеленски пред пет недели во замена за голем финансиски бонус.

Украинската влада доби информација за ова во саботата наутро, а набргу потоа Киев објави 36-часовен „строг“ полициски час со цел да се исчисти Киев од руските диверзанти и ги предупреди цивилите да не излегуваат надвор доколку не сакаат да се сметаат за агенти на Кремљ, пишува Тајмс.

Извор тесно поврзан со активностите на групата, цитиран од британскиот весник, тврди дека меѓу 2.000 и 4.000 платеници дошле во Украина во јануари, некои од нив распоредени во отцепените украински региони Доњецк и Луганск. Други 400, наводно, влегле во земјата од Белорусија и се упатиле кон главниот град.

На платениците им било кажано дека Путин сака кратка пауза за да се „преправа“ дека преговара со Зеленски, но биле информирани дека нема да се постигне договор.

Платениците сега чекаат сигнал од Кремљ и им е ветена богата награда за убиствата што треба да се случат во следните неколку дена. Потоа им беше овозможен безбеден излез од државата.

Покрај Зеленски, на списокот за стрелање се уште 23 други украински функционери, меѓу кои премиерот, министрите, градоначалникот на Киев Виталиј Кричко и неговиот брат Владимир, популарни боксерски шампиони кои се вклучија во борбата против руските напаѓачи.

Платениците се фалат дека точно знаат каде се наоѓа украинскиот претседател и неговите колеги во Киев и очигледно можат да ги следат преку мобилни телефони. Откако Москва ја нападна Украина минатата недела, Зеленски и се обрати на нацијата, тврдејќи дека руските специјални сили се во главниот град и дека тој бил означен како „цел број еден“.

Иако Вагнер е приватна воена компанија, тие се тесно поврзани со проектите на Путин ширум светот. Сопственост е на олигархот Евгениј Пригожин. Неговите членови спроведоа тајни операции низ Африка и Блискиот Исток и исто така се одговорни за настаните во источна Украина во 2014 година.

Британскиот генерал Сер Ричард Баронс, поранешен началник на Генералштабот на британските вооружени сили, рече дека членовите на единицата се исклучително ефикасни и дека можат „да се појават од сенка, да ги извршат најнасилните акции и потоа повторно да исчезнат, без да се открие кој е одговорен за тие дејства“.

„Тие не се директно поврзани со руската влада и затоа тешко се откриваат“, изјави генералот за Тајмс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП