10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТПочнаа преговорите во Белорусија: Што побараа украинците од руската делегација

Почнаа преговорите во Белорусија: Што побараа украинците од руската делегација

Преговорите на украинско-белоруската граница во близина на реката Припјат започнаа во 10 часот по локално време.

Украинската делегација пристигна на разговорите со хеликоптер, откако претседателот Владимир Зеленски се согласи да испрати свои пратеници на разговорите.

Зеленски првично одби да разговара во Белорусија, но во меѓувреме разговараше со својот белоруски колега Александар Лукашенко и одлучи да испрати делегација на украинско-белоруската граница.

Украина побара итен прекин на огнот и положување на оружјето од Русија. Покрај тоа, едно од главните барања на Зеленски е итен пристап на Украина во ЕУ.

Се уште не се познати барањата на руската делегација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП