4 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦенометар.мк: Во рок од само 10 дена драстичен скок на цените на...

Ценометар.мк: Во рок од само 10 дена драстичен скок на цените на дел од производите

При проверката на новите цени од страна на сервисот Ценометар.мк се забележува драстичен скок на цените кај следните производи и тоа во рок од само 10 дена од последната проверка.

Според Ценометар.мк зголемувањето е генерално кај сите производи, но најистакнато е кај следниве категории:

  1. Банана – поскапена за 8-10 денари!
  2. Лимон – поскапен за 5-7 денари!
  3. Јаболка – поскапени за 8 денари!
  4. Домат – поскапен за 14 денаари!
  5. Зелка – поскапена за 4 денари!
  6. Компир – поскапен за 6 денари!
  7. Брашно – поскапено за 4 денари!
  8. Грав – поскапен за 17 денари!
  9. Путер – поскапен за 5 денари!
  10. Ајдамер кашкавал – поскапен за 67 денари!
  11. Гауда кашкавал – поскапена за 29 денари!
  12. Свинска кртина – поскапена за 20-40 денари!

Поскапувањата се различни по различни маркети, но генералниот трендот е јасен, велат од Ценометар.мк.

Дали е доволна мерката за замрзнување само на основните производи, или Владата треба генерално да ги замрзне цените на сите производи? Дали луѓето не треба да јадат овошје и зеленчук кој немилосрдно поскапува?, прашуваат од Ценометар.мк.

Со ваков раст на цените, народот нема да може да купува воопшто овошје и зеленчук и неговата прехрана ќе се сведе на леб, ориз и масло, за жал, се заклучува во соопштението.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП