18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦентралната банка на Русија повторно почнува да купува злато

Централната банка на Русија повторно почнува да купува злато

Руската централна банка соопшти дека ќе почне повторно да купува злато помалку од две години по завршувањето на долгиот период на купување, пишува „Bloomberg“.

Централната банка повторно ќе почне да купува злато на домашниот пазар на благородни метали, се вели во соопштението на банката, цитирано од агенцијата.

Одлуката на институцијата доаѓа откако таа и неколку други комерцијални банки во Русија беа под санкции против земјата поради инвазијата на Украина.

Централната банка на Русија акумулира злато веќе шест години, што ја прави најголемиот суверен купувач на благородниот метал. Институцијата престана со масовни набавки во март 2020-та година, бидејќи цените скокнаа на почетокот на пандемијата. Оттогаш, во голема мера одржува стабилни залихи.

Купувањата на Русија обезбедија клучен столб на поддршка на пазарот во време кога побарувачката на инвеститорите е во застој, според „Bloomberg“.

Цените на златото првично пораснаа минатата недела, откако инвеститорите се свртеа кон средствата за азил поради рускиот напад врз Украина. Сепак, тие брзо паднаа по воведувањето на првите санкции против Русија.

Во петокот (25-ти февруари) цените на златото се затворија на 1.889,34 долари за унца, околу 5 отсто повисоки од почетокот на месецот.

Во 2021-ва година, централните банки додадоа 463 тони злато во своите резерви, што е зголемување за повеќе од 80% во споредба со 2020-та година, според податоците на Светскиот совет за злато. Податоците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) покажуваат дека Русија поседувала повеќе од 2.000 тони злато на крајот на декември, што претставува нешто повеќе од 20% од нејзините резерви. Институцијата е петти најголем суверен сопственик на злато во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП