4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУкраина прими милиони долари во биткоини

Украина прими милиони долари во биткоини

Аналитичарите кои ги следат криптовалутите велат дека анонимни донатори и платиле на Украина најмалку девет милиони американски долари во биткоин за да и помогнат да се одбрани од руската инвазија, пренесува Би-Би-Си.

Истражувачите велат дека Владата на Украина, невладините организации и групи волонтери собирале пари со објавување на адреси на нивните биткоин паричници.

Досега имало повеќе од 4.000 уплати, со просечна вредност од 95 долари. Анонимен донатор донирал три милиони долари во биткоини на невладина организација.

Украинските власти повикаа на Твитер на солидарност со народот на Украина и објавија дека прифаќаат донации во криптовалутите биткоин, етереум и УСДТ.

Собирањето донации во криптовалути стана дел од војната, а забележано е и во други конфликтни зони низ светот, пишува Би-Би-Си.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП