17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТШефот на британската тајна служба МИ6: Путин не може да ја добие...

Шефот на британската тајна служба МИ6: Путин не може да ја добие војната во Украина

Шефот на британската тајна разузнавачка служба МИ6, смета дека ќе се покаже дека Русија не може да ја добие војната во Украина, бидејќи претседателот Владимир Путин никогаш нема да извојува политичка победа над народот на Украина.

Ричард Мур, шефот на МИ6, напиша дека извештајот, во кој се наведува дека силите на Путин на крајот ќе пропаднат во Украина бидејќи тој ја потценил воената сила и жестоката решителност на својот сосед, „за него има смисла“.

Статијата на која реагираше Мур е напишана од Лоренс Фридман, професор по воени студии на Кралскиот колеџ во Лондон.

Во написот под наслов „Непромислено коцкање“, професорот Фридман вели дека Путин „станал опседнат со Украина и е склон кон нечуени теории кои се појавуваат како изговор за војна, но можат да ги одразуваат и неговите ставови“.

Тој напиша дека победата на Москва не доаѓа во форма на успешна инвазија која ја соборува украинската влада, туку со освојување на народот на Украина, пренесува Дејли мејл.

„Дури и ако владата го изгуби главниот град и биде принудена да побегне, а командните системи на украинските сили почнат да се распаѓаат, тоа не значи дека Русија ќе ја добие војната“, напиша Фридман.

Според Дејли Мејл, шефот на МИ6, во невнимателен потег, споделил статија со своите над 130.000 следбеници на Твитер, пишувајќи: „Фасцинантно, има смисла“.

„Со целата трагедија и уништување што се случува во Украина, не треба да заборавиме на тешко стекнатите слободи кои не прават различни од Путин“, рече тој.

Поддршката на Мур за написот дојде откако други разузнавачки извори тврдеа дека планот на Путин во Украина не оди според планот поради „прекумерната самодоверба во Кремљ“, слабото тактичко планирање и „шок“ поради жестокиот отпор на Украинците.

Министерството за одбрана на Киев досега ги процени загубите на Русија на околу 2.800 војници, 80 тенкови, 516 оклопни возила, 10 авиони и седум хеликоптери.

На руската армија сега и е наредено да го прошири напредувањето „од сите правци“. Високи функционери од одбраната на САД тврдат дека Русија се соочува со поголем отпор отколку што очекува Москва во инвазијата на Украина и дека Русија се чини дека изгубила дел од својот моментум.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП