2 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСВЕТУкраина формира легија на странци: Зеленски повикува доброволци да се борат против...

Украина формира легија на странци: Зеленски повикува доброволци да се борат против Русите

Претседателот на Украина, Владимир Зеленски побара од странските граѓани ширум светот да се вклучат во војната против Русија.

„Украина формира „легија на странци“ за доброволци од странство. Тоа ќе биде клучниот доказ за вашата поддршка за нашата земја“, рече Зеленски во изјавата што ја пренесе Ројтерс.

Во изјавата во неделата, тој ја обвини руската армија за убиства на цивили и ги пофали Украинците што имаат храброст да се бранат.

„Украинците покажаа храброст да ја одбранат својата татковина и да ја спасат Европа и нејзините вредности од руската инвазија. Ова не е само руска инвазија на Украина. Ова е почеток на војна против Европа, против европските структури, против демократијата, против основните човекови права, спротивно на глобалното право, правилата и мирниот соживот“, рече Зеленски.

На официјалниот Фејсбук профил на претседателот на Украина е објавена и покана до волонтери од целиот свет да се приклучат на борбите.

„Претседателот на Украина Владимир Зеленски им се обраќа на граѓаните ширум светот, пријателите на Украина, мирот и демократијата. Секој што сака да се приклучи во одбраната на Украина, Европа и светот може да дојде и да се бори рамо до рамо со украинците против руските воени злосторници“, кажа Зеленски.

Во соопштението се додава дека оние кои сакаат да се приклучат треба да се обратат до одбранбеното аташе на украинската амбасада во нивните земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП