18 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОНадал непобедлив во 2022 година

Надал непобедлив во 2022 година

Рафаел Надал го продолжи совршениот старт на 2022, победувајќи го Британецот Камерон Нори со 6:4/6:4 во финалето на Мексико опен во Акапулко во својот прв турнир по освојувањето на рекордната 21. гренд слем титула во кариерата на Австралија опен.

На Надал му беа потребни 1 час и 54 минути да го совлада 12-рангираниот Нори четврти пат во четири меѓусебни меча, за да ја освои својата четврта титула во Акапулко по таа во 2005, 2013 и 2020 и вкупно 91. АТП трофеј во кариерата.

„Камерон е многу опасен тенисер, никогаш не е лесно да се игра против него. Имав многу тешки моменти во мечот“, изјави Надал, кој турнирот го освои без загубен сет.

Надал е непоразен од 5 август 2021 кога загуби од Лојд Херис во третото коло на Вашингтон опен, по што стави крај на сезоната поради повреда на стапалото. Иако постоеја шпекулации дека е блиску до пезија, тој се врати во Австралија со победа на Самерсет опен во Мелбурн, по што го освои и Австралија опен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП