3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманската економија се намали двојно повеќе од очекуваното на крајот на 2021-ва

Германската економија се намали двојно повеќе од очекуваното на крајот на 2021-ва

Германската економија се намали помалку во последните три месеци од 2021-ва година отколку што беше првично објавено. Сојузниот завод за статистика на Германија (Дестатис) како главна причина за нагорната ревизија ја наведе неизвесноста предизвикана од пандемијата, пишува „Bloomberg“.

Во четвртиот квартал од минатата година, германскиот бруто домашен производ (БДП) се намали за 0,3%, додека прелиминарните податоци беа намалени за 0,7%.

Сепак, прогнозите на германската централна банка (Бундесбанк) се дека економијата на земјата може да се намали во првиот квартал од 2022-ра година поради отсуството на вработени во различни сектори предизвикано од сојот омикрон. Покрај тоа, коронавирусот може да доведе до пад на економската активност.

„Во споредба со претходните пандемични бранови, не само услужниот сектор е погоден од мерките и адаптираното однесување“, соопшти централната банка.

Темпото на закрепнување напролет ќе зависи од последиците од руската инвазија на Украина, одржливоста на проблемите со синџирот на снабдување и колку брзо ќе се намали бројот на нови инфекции со коронавирус.

Според прогнозите на Бундесбанк пред ескалацијата на конфликтот во Украина, германската економија ќе забележи силно закрепнување на пролет, поддржано од „многу добрата“ побарувачка, но се додека проблемите со синџирот на снабдување продолжат да се олеснуваат и пандемијата стивнува.

Според економистите, трговијата меѓу Русија и Украина и најголемата европска економија е мала, но цените на енергијата остануваат најголем ризик за иднината. Ескалацијата на тензијата во четвртокот ја турна цената на европската сорта брент на над 100 долари за барел – највисоко ниво од 2014-та година. Во петокот глобалниот репер останува на високо ниво на цени.

Инфлацијата во Германија веќе е над 5%, што ја стиска куповната моќ на домаќинствата. Во последниот квартал приватната потрошувачка се намали за 1,8 отсто.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП