3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГодишната енергетска инфлација во ЕУ достигна 27 отсто (ИНФОГРАФИК)

Годишната енергетска инфлација во ЕУ достигна 27 отсто (ИНФОГРАФИК)

Годишната енергетска инфлација во Европската унија достигна 27% во јануари 2022-ра година, продолжувајќи го нагорниот тренд, покажуваат најновите податоци на Европската статистичка служба, Евростат.

Откако го достигна својот петгодишен минимум од -11% во мај 2020-та година, енергетската инфлација почна да се забрзува, но остана негативна до февруари 2021-ва година, движејќи се помеѓу -9 и -1%.

Сепак, од март 2021-ва година, растот е позитивен и се забрзува речиси континуирано, достигнувајќи 26% во ноември 2021-ва година и 27% во јануари 2022-ра година.

Нивото на инфлација на енергијата е највисоко од објавувањето на Хармонизираниот индекс на цените (ХИЦП) во 1997-ма година.

Гледајќи ги поткомпонентите во енергетскиот сектор, порастот на цените на бензинот во ЕУ достигна највисока точка во јануари 2022-ра година од речиси 41% – за 13,5 процентни поени. повеќе од претходниот месец. Ова е значително над растот на цените на другите извори на енергија – горивото (вклучувајќи бензин, дизел, течни и други горива) со пораст од 26% (-28 процентни поени) и електрична енергија со пораст од 24% (+3,1).

За време на пандемијата со Ковид-19, стапката на инфлација на горивата беше понестабилна отколку кај електричната енергија и гасот. Нивоата на инфлација на гасот и електричната енергија достигнаа негативни вредности помеѓу април и декември 2020-та година во ЕУ, во просек -5% за гас и -1% за електрична енергија. Сепак, горивата го допреа дното во мај 2020-та година (-21%), а потоа го достигнаа врвот на 37% во ноември 2021-ва година.

Меѓу земјите-членки, Белгија и Холандија известуваат за највисоки стапки на инфлација во енергетскиот сектор во јануари 2022-ра година, од 67% и 58%, соодветно. По нив следуваат Литванија (43%), Естонија (41%) и Грција (40%). Од друга страна, стапките на енергетска инфлација се најниски во Малта (0%), Хрватска и Португалија (по 12%).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП