19 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗ„Škoda“ започна со производство на уште еден електричен модел (ВИДЕО)

„Škoda“ започна со производство на уште еден електричен модел (ВИДЕО)

Сериското производство на моделот „Enyaq Coupe iV“ започна во фабриката Млада Болеслав во Чешка.

Како и дебитантскиот „Enyaq iV“, и „Coupe“ верзијата е базирана на механичката платформа „MEB“ на „Volkswagen Group“, наменета за електрични возила.

Повеќе од 120 примероци од овој автомобил ќе се произведуваат секој ден во фабриката, заедно со моделите „Enyaq iV“, „Octavia“ и „Octavia iV“ (хибрид).

„Минатата година произведовме 50.000 примероци од електричниот модел „Enyaq iV“. Сега се движиме на следното ниво со започнување на производството на неговата „Coupe“ верзија“, рече Мајкл Оелјеклаус, член на одборот на „Škoda“ за производство и логистика.

Двете варијанти на „Škoda Enyaq iV“ се единствените модели базирани на платформата „MEB“ на групацијата „Volkswagen“ кои се направени надвор од Германија.

Чешкиот производител истакнува дека новиот електричен модел „Enyaq Coupe iV“ комбинира спортски линии со доволно простор и нуди капацитет на багажникот од 570 литри.

Панорамскиот стаклен покрив, кој е стандарден, е најголемиот во палетата на возила на „Škoda“. Во исто време, тој е потенок од обичниот покрив, што на патниците им дава дополнителен простор за главата.

Коефициентот на отпорност на воздухот е намален во однос на „Enyaq iV“ и изнесува cd 0,234. Во зависност од конфигурацијата, максималната автономија со полна батерија е 545 километри, според стандардот „WLTP“.

Како дел од својата „NEXT LEVEL – STRATEGY 2030“, чешкиот производител на автомобили е посветен на електрификација на своето портфолио на модели, па до 2030-та година ќе лансира најмалку три целосно електрични модели, помали и поевтини од семејството „Enyaq iV“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП