16 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАS&P го намали кредитниот рејтинг на Русија во „ѓубре“, Moody's е блиску...

S&P го намали кредитниот рејтинг на Русија во „ѓубре“, Moody’s е блиску до тоа

Руската инвазија на Украина го намали кредитниот рејтинг на Русија, при што S&P го намали рејтингот на Русија на „ѓубре“(junk), Moody’s го стави под лупа за веројатен пад во таа категорија.

S&P го намали долгорочниот кредитен рејтинг на Русија на „BB +“, од „BBB-“ и предупреди дека рејтингот може да продолжи да паѓа, откако ги анализираше макроекономските последици од санкциите.

„Според нас, досега објавените санкции би можеле да имаат значителни негативни ефекти врз способноста на рускиот банкарски сектор да дејствува како финансиски посредник во меѓународната трговија“, соопшти S&P.

Агенцијата го намали и рејтингот на Украина на „Б-“ од „Б“.

Ова не е првпат Русија да се најде во категоријата „ѓубре“ (junk) според кредитниот рејтинг. Moody’s и S&P презедоа слични чекори на почетокот на 2015 година кога по анексијата на Крим и падот на цената на нафтата предизвика валутна криза на руската рубља.

Постои „сериозна загриженост“ за способноста на Русија да управува со разорните ефекти од новите санкции врз нејзината економија, јавните финансии и финансискиот систем, рече Moody’s.

Русија сè уште е во инвестициските зони на Moody’s и Fitch (Baa3 и BBB-, соодветно), поради едно од најниските нивоа на долг во светот од само 20% од БДП и речиси 650 милијарди долари девизни резерви.

Сепак, Moody’s соопшти дека „одлуката за ревизија на сегашниот кредитен рејтинг на Русија за негово намалување ќе ги одрази негативните кредитни импликации врз кредитниот профил на Русија поради дополнителните и построги санкции наметнати на неа“.

Moody’s вели дека неговата одлука ќе зависи од обемот на конфликтот и сериозноста на дополнителните западни санкции, кои веќе ги погодија некои од најголемите руски банки, воениот извоз и членовите на потесниот круг на претседателот Владимир Путин.

Тие додадоа дека ќе го измерат степенот до кој значајните девизни резерви на Русија се способни да ги ублажат нарушувањата кои произлегуваат од новите санкции и долготрајниот конфликт.

Moody’s го ревидираше и рејтингот на Украина „Б3“, кој веќе е во категоријата „ѓубре“.

„Fitch“ сепак не чекаше и веднаш го намали рејтингот на Украина за три степени на „ЦЦЦ“ од „Б“. Тој објаснува дека „постои голема веројатност за продолжен период на политичка нестабилност, при што промената на режимот е веројатна цел на претседателот Путин, што ја зголемува политичката несигурност и потенцијално ја поткопува подготвеноста на Украина да го отплати својот долг“.

Moody’s, исто така, предупреди дека тежок конфликт би можел да му отежне на Киев да се бори со отплатата на долгот.

Помалата европска рејтинг агенција Scope процени дека државниот долг на Украина може да скокне над 90% од БДП до 2024 година од сегашните 50%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП