Станбена зграда во близина на аеродром во Киев била погодена од проектил или ракета рано утрово, а сликите од местото на настанот покажуваат голем удар на горните катови на солитерот, објавија светските медиуми.
Надворешните ѕидови на неколку катови се целосно разнесени, внатрешноста е поцрнета, а шут виси од голема височина.

