26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКолкава дивиденда ќе подели Комерцијална банка АД Скопје?

Колкава дивиденда ќе подели Комерцијална банка АД Скопје?

Според Предлог-одлуката за употреба и распоредување на нераспределената добивка за 31.12.2021 година, донесена од Надзорниот одбор, Комерцијална банка АД Скопје планира да подели по 620 денари бруто дивиденда за 1 обична акција.

Комерцијална банка АД Скопје, како резултат од работењето во 2021 година, оствари добивка пред оданочување во износ од 2.504.626.652 денари. По одбивање на данокот на добивка во износ од 200.275.058 денари, останува добивка по оданочување во износ од 2.304.351.594 денари.

За распределба се предлага износот на нераспределена добивка од 2.304.351.594 денари, и тоа на дел за дивиденда за обични акции, дел за резерви и дел за задржана добивка за инвестициски вложувања (реинвестирана добивка) која Банката ќе ја користи во 2022 година.

За имателите на обични акции се предлага износот да изнесува 1.413.021.540 денари, односно 620,00 денари по акција (на бруто-основа), што изнесува 62% од поединечната номинална вредност на акциите.

Согласно член 483 и 485 од Законот за трговски друштва и член 22 од Статутот на Банката, се предлага да се издвои дел од добивката за резерви во износ од 671.330.054 денари.

Собранието на акционерите на Комерцијална банка АД Скопје е закажано за на 30.03.2022 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП