7 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈААнонимуси и објавија војна на руската влада

Анонимуси и објавија војна на руската влада

Најголемата меѓународна хакерска група „Анонимуси“ и објави војна на руската влада, во екот на рускиот напад врз Украина, кој трае веќе втор ден.

„Групата Анонимуси официјално е во сајбер војна против руската влада“, напишаа тие на Твитер.

https://twitter.com/YourAnonOne/status/1496965766435926039

Хакерските активисти собрани во колективот „Анонимуси“ немаат лидер, ниту се знае кои се членовите, се работи за голем број поединци. Бидејќи нема раководна структура, секој може да тврди дека е член. Тоа исто така значи дека нивните членови може да имаат различни цели бидејќи немаат агенда.

Вчера вечерта издадоа и предупредување дека руската армија се подготвува да го ракетира Киев, што се случи неколку часа подоцна.

Во Киев одекнуваат експлозии од 4:30 часот по локално време. Советник на украинската влада вели дека рускиот авион бил соборен и дека биле спречени неколку ракетни напади. Има повредени. Украинскиот претседател ги потврди информациите за руски ракетни напади во Киев.

Вчера „Анонимуси“ ја хакираа и ја уништија страницата на државната телевизија на Путин, а страниците на РТ беа привремено недостапни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар