13 октомври, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа 2 септември завршува заштитната мерка за условен увоз на пченица

На 2 септември завршува заштитната мерка за условен увоз на пченица

ace

Пазарот се стабилизира, се надминува предизвикот и се создаваат услови за укинување на заштитната мерка за условен увоз на пченица. Мерката ќе престане да важи на 2 септември годинава, соопшти денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.

Оваа одлука е донесена, објасни Ѓорѓиев, откако е оценето дека сериозно е стабилизиран пазарот со пченица.

– Домашното производство е околу 95 отсто откупено со што се создадоа услови за повлекување на заштитната мерка, изјави Ѓорѓиев.

Владата, додаде, била информирана и дека финишираат процесите за стабилизација и на пазарот на брашно, поради што се очекува да се укине и мерката за условен увоз на брашно во првата половина на идниот месец бидејќи и за тоа, како што напомена, се создадени услови.

– Мерките беа донесени врз основа на домашното и меѓународното право, врз основа на длабока аргументација и со цел заштита на домашното производство. Цениме дека  мерките ја постигнаа целта, помогнаа за стабилизирање на пазарот и ги надминаа предизвиците од евентуални какви било нарушувања, посочи владиниот портпарол.

Тој истакна благодарност до сите субјекти од земјата и од странство за конструктивниот однос во справувањето со овој општествен предизвик.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП